Тековната епидемија на коронавирусoот, според експертите, може да донесе и една добра работа – крај на омразените „open-space“ канцеларии.
На Интернет, голем број на паметни архитекти и експерти за дизајн шпекулираат како ќе изгледаат канцелариите по пандемија, истакнувајќи ги промените како што се подобри решенија за филтрирање на воздухот.
Иако написите на оваа тема се преполни со иновативни идеи за да се намали ризикот од инфекција, сите тие имаат едно едноставно, но добредојдено решение: повеќе sидови.
Голем број експерти сметаат дека наскоро ќе започнат да се применуваат матрици од различни типови меѓу вработените.
Канцелариите ќе бидат „вградени“ со социјална оддалеченост, што ќе значи голема смена по години преместување во канцеларии на отворено.
Ова предвидување не е изненадувачко. Различни студии покажаа со текот на годините дека просторите на отворен план го олеснуваат ширењето на бактериите, зголемувајќи ги шансите вработените да се разболат.
Потребна е инвентивност
Сето ова значи дека работодавците ќе треба да најдат креативни решенија за да може бизнисот да продолжи, иако далеку помалку луѓе сега можат безбедно да се сместат во истиот простор. Продолжувањето на аранжманот од дома секако ќе биде дел од одговорот, но најверојатно ќе биде потребно и креативно реконфигурирање на физичката канцеларија.
Тоа е главоболка за менаџерите и газдите во објектите, но добра вест за оние кои не сакаат „ open-space“ канцеларии.
Во пост-коронарниот свет на вируси, речиси сигурно ќе имате поголема приватност при работа.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк