Пред две недели беше донесена одлука за новата цена на бензинот и дизелот, од страна на Регулаторната Комисија за Енергетика.
Тогаш малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.01.2018 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС- 95 изнесува 68,00 ден/литар што значи уште едно поскапување.
Тогаш цената на дизелот остана иста, но сепак периодов ја надмина границата од 60 денари.
Во последниве шест месеци горивата поскапеа за 15 денари.
За нови цени загрижува нагорениот тренд на цените кои во моментов се на највисоко ниво во последните 3 години.
Сега останува да видиме каква ќе биде новата цена која Регулаторната Комисија за енергетика ќе ја соопшти.