Германската економија веќе неколку години е во благ пад, но тоа сè повеќе се одразува на пазарот на трудот. Невработеноста расте трета година по ред, а според проценките месечно се губат над 10.000 работни места. Порастот на невработеноста во Германија најмногу се гледа во затворањето на работните места во индустријата, кои традиционално се подобро платени. Експертите укажуваат дека секој месец се губат повеќе од 10.000 работни места во индустријата, особено во автомобилскиот сектор, кој дополнително е погоден од новите американски царини за увоз на автомобили.

Но и без овие царини, германската индустрија е во криза и сè повеќе компании го преселуваат своето производство во странство.

Како што велат, доминантна причина за тоа се производствените трошоци. Поточно, од избувнувањето на војната во Украина, бизнисмените се оптоварени со високите цени на струјата, гасот и нафтата, потоа зголемените даноци, но и од еден стар проблем – комплицирана и гломазна бирократија. Сепак, Германците го префрлаат производството и во Азија поради повисокото ниво на роботизација и автоматизација на производството таму.

Индустријалистите сметаат дека на Германија ѝ треба пресврт во инвестициската трка. Токму тоа се реформите кои најверојатно ги ветува идниот германски канцелар Фридрих Мерц – пишува Политика.

Уште пред да стане канцелар, тој успеа да го натера стариот Бундестаг да ги усвои уставните измени кои ќе ѝ овозможат на неговата влада да позајми повеќе од 1.000 милијарди евра во наредните години и да ги искористи тие пари за вооружување, инфраструктура и проекти за климата.