Министрите на седницата ја разгледале информацијата за обврските и роковите кои произведуваат од Законот за утврдување на цени на водните услуги. Како што стои во соопштението од владината прес-службата, од анализата врз основа на оваа информација, произлегува дека Регулаторната комисија за енергетика не ги почитувала роковите утврдени согласно Законот за утврдување на цени на водните услуги. Наместо да бидат донесени во 2016, Регулаторната комисија за енергетика новите цени за водата ги донела во 2017 година.
Оваа постапка, сериозно ја доведува во прашање независноста на Регулаторната комисија за енергетика која очигледноне ги почитувала законот при донесување на одлуката. Согласно ова, Владата им препорача на водостопанските препријатија да поднесат барање за измена на решенијата за тарифите за водна услуга.