Апелационото тело на СТО ќе престане да функционира во среда, поради што ќе падне целиот систем на Светската трговска организација (СТО).

Правилата за трговија неправилно се применуваат, пишува неделниот весник „Шпигел“.

Претстојниот колапс на глобалниот трговски систем го поврзува германскиот весник со политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Спутник.

Имено, САД веќе две години го блокираат процесот на избор на нови членови на Апелационото тело на СТО, пишува авторот.

Во Апелационото тело на организацијата има седум места, од кои само три се пополнети. Во вторник, двајца од трите судии ќе го прекинат мандатот.

„Ова ќе му стави крај на Апелационото тело, а со тоа и на главниот надзорен орган на СТО“, забележува весникот.

Во Брисел се очекува Доналд Трамп да понуди поповолни услови за Соединетите држави без СТО.

Штом работата на Апелационото тело е парализирана, СТО ќе биде парализирана, а светската трговија може да се врати на „правото на посилниот“, така што ЕУ „веќе се вооружува во таков случај“, заклучува Шпигел.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк