Почитувани читатели на БанкоМетар.мк

Ние како Ваш сервис и бесплатен финансиски советник чувствуваме одговорност да Ви го соопштиме следното: Имено, како што добро знаете, се наоѓаме во вонредна состојба, прогласена од страна на државата. Оваа состојба се прогласи, еден куп ламарина медиуми дадоа објаснување цитирано од Уставот на нашата земја, околу што преставува, кој ја носи и кој ја укинува оваа состојба…бла бла бла.. Но никој, не Ви објасна што може да значи оваа состојба за Вашите средства како парични, така и непарични.

Ние се потрудивме да пронајдеме низ меѓународните правни референци одредени упатства ( не сме сигурни дали ова се однесува и на Македонија ) што вонредната состојба значи во други земји, што може да се случи со Вашиот имот и пари.

Бидејќи нашето законодавство ова не го предвидува, но не го ни исклучува ( што е многу важно бидејќи во тешки ситуации може да се повика на меѓународните стандарди ), еден сублимат на европските пракси го тврди следното за вонредната состојба и Вашите пари и имот ( Ве молиме тука читајте внимателно ! ). Цитирам :

„Кои посебни овластувања може да се прогласат при вонредна
состојба?
На владата со уставот или во пропишани закони и се даваат посебни овластувања
во случај на опасност. Примерите за мерки или овластувања во случај на опасност
се бројни, на пример:
• ограничување на слобода на печатот и забрана на јавни собири
• внатрешно распоредување на вооружените сили
• евакуација на луѓето од нивните домови и работни места
• пребарување на домови и други приватни места без налог, лишување од слобода
без обвинувања
конфискување на приватниот имот (со или без обештетување) и/или негово
уништување
регулирање на работењето на приватно претпријатие; мешање во финансиски
трансакции и извозни прописи
• посебно законодавство за да се казни непридржувањето кон прописите за
опасност
Во некои земји (на пример, Велика Британија), во ситуација на опасност може да се формираат
посебни судски тела, додека во други земји (на пример Германија), забранети се
вонредни судски тела.
Во вонредна состојба, надлежноста на владата мора да остане кај цивилните органи на национално и локално ниво. Безбедносните сили им помагаат на цивилните органи во една подредена улога.“


Оттука, мора да забележам дека, постои опција државата, за државни потреби да конфискува средства, имот и пари. Јас не тврдам дека тоа ќе го направи, но сакам само да нагласам дека и ова е опција! Доколку државата е во потреба за пари ( а вакви фенер-држави како нашата се секогаш во потреба за пари ) – со прогласување на разни „состојби“ можат да си отворат пат за разни комбинации!

Секогаш во служба на нашите верни читатели и во служба на општото добро!

Редакцијата на БанкоМетар.мк

ПС. Посебните овласувања кои се цитирани погоре се црпени од следните извори:

‘Уставот во случај на опасност’
www. y a l e l awj o u r n a l . o r g / p d f / 1 1 3 – 5 /
Ackerman%20FINAL.pdf
Парламентарен надзор на секторот за безедност:
Начела, механизми и практики
http://www.dcaf.ch/oversight/
Конвенција против мачење и друго сурово,
нечовечно и понижувачко однесување или казнување
www. unhchr.ch/html/menu3/b/h_cat39.htm
Европска конвенција за човекови права
www.hri.org/docs/ECHR50.html
Меѓународен пакт за граѓански и политички права
(МПГПП), особено Член 4
Серијата Основни податоци на DCAF е подготвена од Работната група за реформа
на секторот за безбедност на Центарот, заедно со Hans Born, Ingrid Beutler, и
Thorsten Wetzling.
Документот го уредија David Law и Jason Powers.
Други Основни податоци се достапни на www.dcaf.ch/publications/backgrounders
Центарот за демократска контрола на вооружените сили во Женева (DCAF)
работи со владите и граѓанското општество со цел да се унапреди и зајакне
демократската и цивилната контрола на организациите од секторот за безбедност
како што се полицијата, агенциите за разузнување, службите за безбедност на
границата, паравоените сили и вооружените сили.
Центарот врши истражување за да ги утврди главните предизвици во
демократското управување на секторот за безбедност и да ги собере оние практики
кои се најповолни за решавање на овие предизвици. DCAF обезбедува советодавни
програми и помош во практичната работа на сите заинтересирани страни, најчесто
на влади, парламенти, воени власти и меѓународни организации.
Посетете не на www.dcaf.ch

 

Наум Димитровски