Меѓу должниците е и јавно претпријатие. Две фирми се од дејноста коцкање и обложување, две од изградба на станбени и нестанбени згради, исто толку од трговија со дрва, градежни материјали и санитарии, како и компанија која трговува на големо со хемиски производи.
Данокот на солидарност сѐ уште не го платиле 26 компании кои вкупно по оваа основа должат 726,6 милиони денари (околу 11,8 милиони евра), информираше денес на брифинг со новинарите директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Само една од овие компании должи 294,6 милиони денари (околу 4,7 милиони евра). Станува збор за фирма од средна големина од Скопје чија дејност е трговија со електрична енергија, појасни Лукаревска. Лани компанијата остварила вкупни приходи од 13,2 милијарди денари.
Бројот на компании кои имаат обврска да платат данок на солидарност се зголеми за една фирма и сега се вкупно 156, бидејќи во меѓувреме е додадено едно јавно претпријатие. Таа не открива за кое јавно претпријатие станува збор, но во набројувањето на дејностите на фирмите должници рече дека две се со дејност коцкање и обложување, потоа изградба на станбени и нестанбени згради исто така две фирми, и трговија со дрва, градежни материјали и санитарии се две компании, како и фирма чија дејност е трговија на големо со хемиски производи.
Директорката Лукаревска информираше дека на компаниите кои до 24 овој месец нема да ја платат обврската ќе им бидат блокирани сметките. Сепак, како што нагласи, целта на УЈП не е да се стори тоа, па до овој рок ќе се направат контакти со фирмите со цел да се најде решение.
„Ние уште еднаш ќе контактираме со даночните обврзници за да видиме до каде се со извршувањето на обврските. Целта не ни е да ги блокираме, туку да најдеме соодветно решение, вели Лукаревска, додавајќи дека сепак, 24 ноември е крајниот рок по што следи блокирање на сметките на оние кои не го платиле данокот на солидарност.
Вкупната сума што треба да прибере од данокот на солидарност изнесува 3,02 милијарди денари (или речиси 50 милиони евра), а досега се уплатени 2,3 милијарди денари (37,3 милиони евра) од 130 компании.
Од компаниите кои што имаа обврска за плаќање на данокот на солидарност, шест направиле пребивање, односно долгот по основа на данок на солидарност го пребиле со побарувањето од УЈП за поврат на средства.
„Други три компании се во режимот на репрограмирање на долгот, односно се одлучиле да плаќаат на рати во октомври, ноември и декември“, рече Лукаревска појаснувајќи дека овој данок мора да влезе во Буџетот заклучно со крајот на годинава. За ова фирмите дале залог или банкарска гаранција дека ќе ја исполнат обврската.
„Ние уште еднаш ќе контактираме со даночните обврзници за да видиме до каде се со извршувањето на обврските. Целта не ни е да ги блокираме туку да најдеме соодветно решение“, вели Лукаревска.
Таа посочува дека УЈП не може да ги открие имињата на фирмите кои платиле данок на солидарност или оние кои должат, туку само дејностите кои ги извршуваат.
Така, од компаниите должници, две се од дејноста коцкање и обложување, потоа две од изградба на станбени и нестанбени згради, од трговија со дрва, градежни материјали и санитарии се две компании, како и компанија чија дејност е трговија на големо со хемиски производи.
Како причина која што најчесто се наведува од компаниите кои до сега не ја подмириле обврската е немањето средства во моментов.
Најголем износ кој до сега го платила една фирма за данок на солидарност е компанија од Скопје чија дејност е леење на челик. Таа неодамна самата се „откри“ преку соопштение испратено до Македонската берза, односно образложението на деловните резултати за првите девет месеци од годинава. Компанијата плати 257,3 милиони денари данок за солидарност, а лани имала вкупни приходи од 11,3 милијарди денари.
Од оние кои се уште не платиле, 12 се од скопскиот регион, една од Неготино, а има и од Струмица, Делчево, Гевгелија, Битола, Куманово, Чучер Сандево, Гостивар, Охрид, Слупчане, Желино.