Американскиот милијардер Бил Гејтс смета дека како и другите богати даночни обврзници во САД треба да плаќа повисок данок иако даночната реформа на претседателот Доналд Трамп ја нарече регресивна.
Тој изјави дека би требало тој да плаќа повисок данок иако има платено најголем данок од сите – повеќе од 10 милијарди долари, но владата би требало да бара од имотните луѓе да плаќаат уште повисоки даноци.
Вториот на листата со најбогати луѓе во светот, по основачот на „Амазон“, Џеф Безос, коосновачот на „Мајкрософт“ има богатство што се проценува на 90 милијарди долари, а најголемиот дел од него го има пренасочено во хуманитарни организации и во истражувања за лекови.