Уделот на електричната енергија произведена од ветерните централи во последните 24 часа во Европа е 11,7 отсто, според податоците од билтенот „ВиндЕвропа“, пишува „24Часа.бг“.
Електричната енергија од копнените фарми со ветерници е 9 проценти или 642 гигават часови, а генерираниот ветер од морските постројки е 2,7 отсто или 191 гигават часови. Со најголем удел во ветерната енергија се Данска (65 отсто), Ирска (54 отсто) и Холандија (21 отсто), додека најголемо количество од ваков вид електрична енергија во изминатите 24 часа е произведено во Германија (246 гигават часови), Шпанија (138 гигават часови) и Франција (105 гигават часови), покажува и извештајот.
За претходниот ден уделот на електричната енергија произведена од ветерните електрани во Европа изнесуваше 14,8 проценти.