Danske Bank го разреши својот поранешен привремен извршен директор.
Јеспер Нилсен е отпуштен како извршен директор на данската банка, откако внатрешни пријавувач на информации т.е. whistleblower пријави дека 87.000 корисници биле презадолжени со надоместоци на производ за управување со богатството или кредити. Овие надоместоци не биле во согласност нити со законите на Данска, нити со интерните процедури на банката. Нилсен беше назначен за привремен извршен директор на банката во октомври – позиција што ја одржа до крајот на мај – по оставката на поранешниот шеф Томас Борген. Тоа е уште еден удар за угледот на банката, која е под истрага околу 200 милијарди сомнителни исплати што минуваа низ малата естонска филијала.