Да се придонесе кон економскиот развој со зајакнување на регионалната економска соработка, беше високо на листатата на Берлинскиот процес од самиот почеток, затоа што тој беше воспоставен како дополнителен процес за поддршка на Западниот Балкан за подготовка на членство во ЕУ, вели германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер.

Потенцираше дека процесот на пристапување во ЕУ е воден од два елемента – едниот е позицијата на владеење на правото, а втората е економската интеграција.

Колку е значаен регионалниот пазар за Македонија и какви придобивки може да произлезат од таквата соработка, универзитетскиот професор, Ванчо Узунов вели дека значењето е огромно но проблемот е што ние не ги користиме сите можности и посочи дека е потребна структурна промена.

Интеграцијата во заедничкиот пазар во ЕУ, додаде, е главната движечка сила за растот на сите земји кои пристапија во ЕУ во минатото, но земјите треба да бидат подготвени да можат да ги применат комплексните регулативи и да се подготвени да се спротивстават на притисокот.