Државниот пазарен инспекторат утврдил серија на прекршување на правилата и законите кај големите ланци на маркети. Инспекторите затекнале празни равтови, голем недостаток на производи кои ги опфаќа владината мерка и покрај тоа што треба да има количина од 70 отсто од онаа која во продавниците била во август годинава.
Трговците и производителите се обидуваат да го изиграат законот и преку продажба на производи со помала грамажа. Директорот Горан Трајковски вели дека додека тој е раководното место во инспекторатот нема да има прогледување низ прсти.
„Да им порачувам и на трговците на мало и на трговците на големо, да не се обидуваат да ги заобиколуваат законите за да не ја почитуваат Одлуката. Тоа нема да го дозволиме. Мора да имаме правичен систем и секој што сака да е дел од него е добредојден, но секој што ќе се обиде да го заобиколи, ќе биде најстрого казнет.“ – Горан Трајковски директор на ДПИ.
Власта е убедена дека мерката дава резултати. Нивните информации се дека есенската потрошувачка кошнича поевтини дел од прехранбените производи како млечните, месните, производи како и овошјето и зеленчукот за околу 20 отсто. Според заменикот миниостер за економија Марјан Ристески заштедата на месечно ниво од оваа мерка би била околу 1500 денари по семејство.
„Да ги стабилизираме пред се и да ги нормализираме галопирачкиот от на цените кој го имаше во претходниот период и со претходната влада, и во одреден процент да ги намалиме.“ – Марјан Ристески заменик министер за економија.
Да се зголемат платите, а не да се носат мерки кои не даваат резултати. Вака економистот Бранимир Јовановиќ ги коментира обидите на владата да ја подобри куповната моќ. Професорот Јовановиќ за Телевизија 24 вели дека кога слични вакви мерки носеше претходната власт немаше ефект, и јавно прашува зошто сега се носат исти мерки кога инфлацијата е далеку пониска. Додава дека на овој начин владата само сака да прати порака дека се грижи за граѓаните а всушност не прави ништо за тоа.
По новиот есенски бран на поскапувања владата реши да интервенира со мерки преку кои ќе го заузда растот на цените на осумдесетина прехранбени пчроизводи. По шесет месеци од носењето на законот за нефер трговски практики конечно тој е на сила. Сепак ставот на граѓаните е дека нема подобрување на нивната куповна моќ.