Македонската стопанска делегација денеска и утре ќе учествува на 21. Евроазиски економски самит што се одржува во Истанбул а ќе биде предводена од претседателот Бранко Азески.
Самитот е организиран од Фондацијата за стратешки и општествени истражувања „Мармара Груп“ со цел јакнење на економските врски меѓу Европската унија и земјите од Централна Азија, Кавказ, Балкан и Блискиот Исток.
Ќе учествуваат претседатели на држави, поранешни и сегашни министри, амбасадори, стопанственици и претставници од науката, а ќе се дебатира на темите: „Технологијата наспроти политиката“; „Паметни градови“; „Климатски промени“ и „Жени кои го менуваат светот“.
Десетчлената делегација на македонските стопанственици за време на престојот во Истанбул ќе оствари и работна средба со раководството на Унијата на комори и берзи на Турција (ТОББ), како и со стопанственици од Турција