Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за цените на нафтените деривати.
Во петокот, РКЕ ја донесе последната одлука за цените на горивата со која дизелот поевтини за два денари, а цените на бензините останаа непроменети.
Цените на горивата согласно новата одлука која Регулаторна ќе ја донесе денеска, ќе важат од вторник на полноќ.
Ова се актуелните цени на нафтените деривати:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 83,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 79,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 56,130 (денари/килограм)