Денеска во Собранието на Република Македонија ќе се одржи Првата годишна конференција на Министерството за финансии по повод 2 април, денот кога беше донесен првиот Буџет на независна Република Македонија.
Тема на оваа конференција е „Управување со јавните финансии и економски раст – комплементарни или спротивставени“.
Воведни обраќања ќе имаат премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери, а поздравен говор ќе одржи министерот за финансии Драган Тевдовски.
На првата панел дискусија „Добро буџетирање – градење на рамките, поставување на правилата, подигнување на транспарентноста“, главен говорник ќе биде Линда Ван Гелдер од Светска банка, а како панелисти се најавени и премиерот Заев и министерот Тевдеовски.
Втората панел дискусија е насловена „Предизвиците на фискалната политика во Македонија – некогаш и сега“, а панелисти се поранешните министри за финансии, академик Таки Фити, Петар Гошев, Никола Поповски и Трајко Славевски.
Првиот Буџет на РМ е донесен на 2 април 1992 година