Денес регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) треба да одлучи кои ќе бидат новите цени на бензинот и нафтата, но и другите енергенси за малопродажба.
Ваквата одлука се носи еднаш неделно, стандардно секој понеделник.
Со последната одлука добивме намалување на бензините и тоа Еуросупер 95 се намали за 0,5 денари и чини 68 денари, а Еуросупер 98 и нафтата за 1 денар,, и чинат 70 денари за “98-ка” односно 62 денари дизелот.
Точните бројки се очекува да бидат соопштени напладне.