Во Владата денеска напладне треба да почне седницата на чиј дневен ред е Предлог – буџетот на Република Македонија за 2019 година.
Минатиот викенд предложениот текст помина на собраниската Комисија за финансирање и Буџет, а вчера од стопанството беше оценет како развоен и добро конципиран.
Како што соопшти министерот за финансии Драган Тевдовски, вкупните приходи во државната каса за 2019 година се проектирани на 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 3,2 процента, а стапката на инфлација на два отсто. Буџетскиот дефицит е проектиран на 2,5 проценти или 17,7 милијарди денари што е за 500 милиони денари помалку во однос на годинава.
Според Владата, буџетот за 2019 ќе обезбеди повисоки плати во здравството, образованието и одбраната, повеќе пари за реформите во социјалната и детската заштита и пензискиот систем, како и средства за воведување „зелена нафта“ во земјоделството.
На дневен ред на седницата е и Предлог – законот за извршување на буџетот, по скратена постапка.