Денеска ќе се одржи аукција на која ќе се види цената за струјата на ЕСМ која е наменета за домаќинствата и малите потрошувачи но ќе се види и дали ЕСМ е единствениот понудувач на тендерот на ЕВН Хоум.

Владата веќе пресмета дека мегават од ЕСМ наместо 57 треба да биде 60 евра што пак е за 5 отсто повеќе од цената по која се продава сега.

Вообичаено на тендерот до сега никој не понудил пониска цена од онаа на државни електрани.

Регулаторот Бислимовски освен што беше изненаден од оваа цена вели повеќе е загрижен и за тоа што предлогот е ЕСМ да не покрива 100 отсто од домашните потреби за струја туку тоа да биде 85 проценти. Новата цена на струјата ќе важи од први јули.

За мрежарината ќе се одлучува во декември и тогаш ќе има појасна слика дали ќе биде возможно намалување на цената во овој дел.