Од денеска тргнува исплатата на септемвриските пензии за над 330.000 пензионери.
Согласно методологијата, септември е месец во кој има зголемување на пензиите, а овој септември пензиите ќе пораснат за 5,3 проценти.
Пензионерите со највисоки пензии, ќе добијат зголемување од речиси 3.700 денари, додека пензионерите со просечна пензија на своите сметки ќе добијат покачување од 1.060 денари.
Со септемвриското зголемување, минималната пензија се зголемува на над 13.000 денари.
Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека со двете усогласувања оваа година пензиите вкупно пораснале за 13,7 проценти.