Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска одбележува десет години од формирањето…
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска одбележува десет години од формирањето. ФИТР е основан во декември 2013 година со цел поттикнување на иновациите, преку обезбедување дополнителни извори за финансирање на иновациите заради потребата да се изгради конкурентна економија заснована на знаење.
Како што е најавено на одбележувањето на десетгодишнината на ФИТР, ќе се обратат вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, Фестим Халили, директор на Фондот за иновации и технолошки развој и Марвин Лиао, претседател на Комитет за одобрување на инвестиции.