Околу 9 илјади од нив ќе бидат распоредени на нови работни места кои штотуку се воведуваат, пренесуваат германските медиуми.

Според директорот на оваа компанија, целта е да се подобри квалитетот на бизнисот, да се удвои бројот на патници и да се изврши генерален ремонт на делумно дотраената инфраструктура.

Најавеното вработување на работници е вистински предизвик со оглед на недостигот на квалификувани работници во Германија за што се разговараше. Според директорот, „пазарот на труд стана позатегнат и поконкурентен“.

Во 2023 година сакаат да ги вработат следниве профили:

  • 5.500 специјализанти и студенти
  • 4.200 специјалисти за одржување на железницата и возниот парк
  • 3.000 работници за надзор на градежни проекти и градилишта
  • 2.100 машиновозачи
  • 1.600 диспечери
  • 2.200 вработени во железничката служба
  • 2.000 ИТ специјалисти

На вработените во Deutsche Bahn им се нудат различни поволности. Од пролет нудат попусти за патување за вонбрачните партнери на нивните вработени.

Англискиот станува официјален работен јазик

Deutsche Bahn отвори околу 5.000 нови работни места во 2022 година. Со оглед на недостигот на работници во Германија, компанијата ќе се обиде да донесе работници од странство.

Германскиот јазик, кој е пречка за многу работници од странство при вработувањето, се чини дека не е потребен на одредени работни места.

„Во иднина ќе се носат сѐ повеќе квалификувани работници од странство, на пример од Јужна Европа, многу балкански земји и Турција. Во секој случај, англискиот е во подем како работен јазик, особено во ИТ секторот“, изјави директорот на Deutsche Bahn за германските медиуми.