Deutsche Bank размислува за намалување на бројот на работни места од 15.000 до 20.000, или околу една шестина на глобално ниво, објави во петокот Wall Street Journal, наведувајќи ги луѓето што се запознаени со ситуацијата.
Процесот на отпуштање би траел повеќе од една година и би се проширил по региони и претпријатија, се наведува во магазинот.
Разговорите на највисоко ниво за реструктуирање се одржаа во четвртокот и петокот, но конечни одлуки не биле донесени, изјави извор близок на Reuters.
Deutsche Bank го завршува планот кој може да елиминира стотици позиции во одделот за тргување со деривати, како дел од широкиот процес на реструктуирање, објави Bloomberg во петокот, повикувајќи се на изворите.
Извори минатата недела изјавија за Reuters дека банката планира да го намали нејзиното работење во Америка, оставајќи само операции поврзани со корпоративни клиенти и големи договори.