Во вториот квартал Deutsche Bank оствари загуба од 3,15 милијарди евра.
Според германски „Билд”, причина за загубата е радикалното преструктурирање на банката, претходно објавено од страна на извршниот директор на банката, Кристијан Севинг.
Ова преструктурирање го оптовари билансот на банката за 3,4 милијарди евра, рече тој.
„Без овој товар, Deutsche Bank ќе оствареше профит”, објаснува Севинг.
Приходите на банката се намалија за шест проценти, а загубата беше поголема отколку што беше најавено на почетокот на јули, кога беше проценето дека ќе изнесува околу 2,8 милијарди евра, потсетуваат медиумите.
Повеќе од 900 вработени во Deutsche Bank добија известување изминативе денови дека нивниот работен договор е прекинат или дека им се укинува работното место.