Девизниот курс на еврото на меѓународните девизни пазари повторно се спушти под 1.12 долари, откако официјалните претставници на Европската централна банка (ЕЦБ) објавија дека ЕЦБ може да преземе понатамошни мерки за зауздување на приносите на обврзниците во еврозоната и поддршка на инфлацијата.
Еврото под влијание на ваквите изјави во однос на доларот ослабе 1,3 проценти, на 1,1160 $. Подоцна се тргуваше за 1,1208 $, што значи дека ослабна за 0,95 проценти во однос на завршетокот на тргувањето претходниот ден.
Членот на Извршниот одбор на ЕЦБ Benoit Coeure соопшти дека ЕЦБ ќе купува повеќе обврзници во мај и јуни поради лошата ликвидност на пазарите во јули и август. Ваквите изјави, иако внимателно обликовани, се резултат на порастот на приносите на германските државни обврзници во текот на изминатиот месец.
Исто така, претставникот на ЕЦБ Christian Noyer соопшти дека банката е подготвена да преземе дополнителни мерки со цел да се достигне планираното ниво на инфлација од околу два проценти.
“Ова е првиот знак од Европската централна банка дека тие не се задоволни како се одвива целокупната динамика на квантитативно олеснување која вклучуваше намалување на приносите на германските државни обврзници и послабо евро”, изјави Ian Gunner, портфолио менаџер на фондот Altana Hard Currency Fund од Лондон.
Послабото евро и овозможува на програмата од ЕЦБ во вредност од 1,000 милијарди евра, да се преточи во посилна инфлацијата и посилен раст на економиите на еврозоната. Откако во март, во еден момент падна на само 1,0457 $, еврото зајакна речиси 10 проценти, со поддршка на снажниот пораст на обврзниците во еврозоната во втората половина на минатата недела кратко достигна 1,1468 $ , највисоко ниво во последните три месеци.
На доларот ваквата состојба му оди во прилог па зајакна и во однос на кошницата валути. Долар индексот, кој ја мери вредноста на доларот во однос на шестте водечки светски валути се зголеми за речиси еден процент, на 94,975 поени, откако во тргувањето во текот на ноќта зајакната под влијание на зголемувањето на приносите на американските државни обврзници.
Сепак, инвеститорите во поглед на краткорочните прогнози за доларот имаат одредена претпазливост, со оглед на неодамнешната серија на економските показатели од кои беа разочарани.