Девизните резерви на крајот на јануари годинава изнесувале 4.337,3 милиони евра, соопшти Народна банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (56,4 проценти), по што следуваат валутите и депозитите (33,9 проценти) и монетарното злато (9,6 проценти).