Девизните резерви на крајот на август годинава изнесувале 3,28 милијарди евра (3.285.700.000 евра) и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 89,1 милион евра.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (72 отсто) по што следуваат валутите и депозитите (16,5 отсто) и монетарното злато (11,5 отсто), соопшти Народна банка.