На крајот на јуни, официјалните девизни резерви изнесуваат 4,19 милијарди евра, објави Народната банка. Во однос на претходниот месец, тие бележат зголемување за 15 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (65,9 проценти), по што следуваат валутите и депозитите (24,9проценти) и монетарното злато (9,2 проценти).

Девизните резерви се дефинираат како средства што ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар, со цел да се влијае врз девизниот курс или за други цели.