Девизните резерви на крајот на јуни годинава изнесувале 4.189,7 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 15 милиони евра, соопшти Народна банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (65,9%), по што следуваат валутите и депозитите (24,9%) и монетарното злато (9,2%).