Американскиот автомобилски концерн „Џенерал Моторс“ (ГМ) планира во следните 10 години да инвестира 2,8 милјарди долари во својата подружница во Јужна Кореја, соопшти денеска претставник на јужнокорејската Влада.
Тие изјавија дека, изнвестицијата е во рамки на планот на американскиот автогигант и властите во Сеул за преструктуирање на компанијата „ГМ Кореја“, која се соочува со загуби во работењето.
Инвестицискиот план ќе треба да се разгледа повнимателно за да се види дали тој ќе биде доволен за спас на компанијата во која работат 16.000 лица, изјави јужнокорејскиот владин претставник.
Инаку, покрај „Џенерал Моторс“, удел во сопствениста на „ГМ Кореја“ има и централната Банка на Кореја.