Веројатно постои и голема вистина во она дека најдобрите идеи навистина им доаѓаат на луѓето додека се тушираат бидејќи и оваа идеја на пронаоѓачот Џон Шеперд Барон дошла токму за време на таа активност. Веднаш потоа тој го претставил својот изум со име АТМ (Automated Teller Machine) на британската банка Barclays.
Од страна на банката оваа идеја била веднаш прифатена и првиот модел на банкомат е изграден и инсталиран во Лондон во 1967 година. Магнетното кодирање на картичките на првите банкомати се уште не било развиено, но била користена друга попримитивна технологија за повлекување на пари.
Педесетиот роденден на овој банкомат бил одбележан со негово позлатување, а истиот е се уште во функција. Уште една од разликите која овој банкомат ја има во однос на најголемиот број на свои модерни ,,колеги,, е дека не наплаќал провизија при вадењето на пари.
Сепак мора да признаеме дека оној кој го измислил банкоматот и неговата функција навистина завршил одлична работа.
22.01.2018 11:20