Адам Фишер, кој ги контролира инвестициите во фондот на Сорос, добил интерно одобрување за тргување со дигиталните валути објавија медиумите.
Само пред неколку недели, Сорос ги критикуваше крипто-валутите, велејќи дека овие монети не можат да бидат вистинска валута поради високата волатилност, но не предвидуваше тежок пад што многу аналитичари го предвидуваат.
“Се додека имате растечки диктатури, ќе имате и различни решенија, така што властите во таквите земји ќе се свртат кон биткоинот”, рече Сорос.
Меѓутоа, некое време Сорос почна да се обложува на биткоини, индиректно. Неговата компанија купи удел во Overstock.com во четвртиот квартал од минатата година. Таму е Сорос трет најголем акционер, а ова е инаку првата малопродажна компанија која започна да прифаќа дигитални валути. Оваа компанија, исто така, планира да воспостави платформа за тргување со крипто-валута.