Трендот на брзата дигитализација на економијата во овој момент придонесува компаниите своето производство масовно да го селат повторно назад од Исток кон Запад, како што поради ефтината работна рака пред 30-тина години се селеа од Запад кон Исток. Експертите смеаат дека доколку земјите во развој, како што е Македонија, не ја дигитализираат својата економија постои голема опасност за нивното стопанство.
„Иднината на овие земји во развој бара јакнење на иновациските капацитети и профилирање на високотехнолошка економија, а за тоа не придонесуваат само европските партнери туку и соработка со другите земји во светот, затоа што со роботизацијата тие едноставни работни места веќе исчезнуваат“, истакна Небојша Стојчиќ, Универзитет од Дубровник.
Според експертите потребно било се поголемо инвестирање во едуцирање на високо образовани кадри од оваа сфера и следење на светскиот тренд на продажба на скоро сите производи преку интернет наместо преку класичните продавници. Затоа што се повеќе се затвораат класичните работни позиции.
„Доколку се зголеми пристапот до инфоматиичките технологии кај сиромашните луѓе тие ќе го подобрат нивниот приход. Исто така ја советуваме нашата Влада и Меѓународните организации колку што е можно повеќе да инвестираат во дигиталните технологии, во образованието како алатки за да се постигне намалување на сиромаштијата и да се и да се намали нееднаквоста на доходот“, изјави Расим Јилмаз, „Нама Кемал“ Универзитет, „Текирдак, Турција.
„Традиционалниот начин на функционирање од земјата од каде доаѓам веќе изумира, така што се повеќе луѓето купуваат он лајн. Се повеќе луѓе денес работат во места каде се тргува он лајн“, кажа Сара Вилијамс, Универзитет во Вулвахам, Велика Британија.
Иако на почетокот имало страв дека роботизацијата и технологијата ќе ги намалат работните места, се покажало токму спротивното дека се отвораат наголемо нови високо образовани позиции.
„Во последниите неколку години со растот на дигитализацијата се создава и потреба за нови креативни и повисоко платени работни места“, Глигор Бишев, финансиски експерт.
„Проценките упатуваат на сознанијата дека 60% од глобалниот БДП ќе биде дигитализиран до 2022 година“, истакна Драгица Оџаклиеска, декан на Економски факултет Прилеп.
Трибината за „Дигитална трансформација на економијата“ со професори од повеќе држави денеска се одржа во Прилеп како дел од одбележувањето на 60 годишнината од Економскиот факултет.