Банките мора да дејствуваат сега за да се подготват за иднината, каде што клучна улога ќе имаат иновациите и новите технологии, изградба на флексибилени и подготвени дигитални бизнис модели, кои ќе им помогнат да одговорат на сите предизвици кои ги чекаат.

Една деценија по почетокот на глобалната финансиска криза, впечатокот е дека банкарската индустрија потона во мирни води. Макроекономските индикатори се стабилизираат и се забележуваат позитивни економски трендови. Очекуван е раст на приходите во периодот до три години, како и зголемување на профитабилноста и покрај појавата на нови ризици. Движењето на нефункционалните кредити се стабилизира како резултат на бројните активности на регулаторите, што позитивно се одрази на цената на кредитниот ризик, а со тоа и на профитабилноста.

Се чини дека, сепак, банките во наредниот период ќе треба да инвестираат во трансформации управувани од иновациите и лидерство, отколку промените предизвикани од страна на регулаторните случувања. Имплементација на нови напредни технологии, без оглед на стратегијата досега се покажа како неефикасен и често се неуспешни, а банките треба да имаат јасна стратегија со која се дефинира нивниот бизнис модел, со фокус кон клиентите, нивните потреби и технолошки можности. Како посебен проблем, во пракса се појави погрешна проценка на подготвеноста на пазарот и на клиентите да прифатат нови технологии и нови услуги.

 

 

Пример: милениумците (родени од 1880 до 1994 година) им е потребен конфор и сигурност при плаќањето на сметките и користењето на банкарските услуги. Во мементов, во светски рамки, овие генерации се најактивните клиенти на банките. Банките треба да се подготват и за Z генерацијата (родени од 1995 до 2012 година) на кои најбитна им е брзината.

Со цел соодветно да одговорат на предизвиците на пазарот, процесите и инфраструктурите мора да се развиваат на ниво на целата организација. Со други зборови, банките мора да станат дигитално зрели.

Дигиталната зрелост може да се гледа низ пет фази:

1. Без акции – без активни инвестиции;
2. Почеток – Со оглед на тоа како дигиталната технологија може да влијае на бизнисот, да создаде внатрешна поддршка и да развие деловни практики;
3. Транзиција – истражување за примена на нови технологии и почеток на дигитализација на некои деловни елементи;
4. Созревање – оптимизација на процесите “middle” и “back-office” преку нови технологии како дел од кохерентен дигитален инвестициски план;
5. Дигитален лидер – Интегрирани активности “front”, “middle” и “back office” поддржани од податоци кои одат низ сите функционални и географски локации.

Дигитализацијата на светско ниво, но исто така и во нашата земја, постепено се приближува и ги надминува сите области на секојдневното работење. Со цел да се имплементираат иновации и дигитализација на сите нивоа, неопходно е да се променат навиките на корисниците на услугите, вработените во организациите, како и нивното образование. Дигиталниот бизнис ќе бара нови вештини и знаења, кои ќе бараат подобрување на постојните вештини и воведување на нови и поагилни методи на работа.