Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека ребалансот на Буџетот, што го изготвиле во првите 100 дена, веќе се реализира, како и дека веќе се исплаќаат обврските за кои претходната Влада немала доволно средства испланирано. Според неа се покриваат и доспеаните обврски за кои, исто така, биле обезбедени средства со Ребалансот. Но, она што не изненадува е појавувањето на дополнителни недоспеани обврски.
-Состојбата што ја затекнавме беше алартматна. Беше реализиран 71% од дефицитот, што значи несразмерно многу беше потрошено во првата половина од годината. Оставени сметки речиси без средства. Односно 47 милиони евра на девизната, а долгот беше поголем само за кредити на ЈП што не можеле да ги платат самите и денарска сметка која беше во огормен минус од над 60 милиони евра, а доспеаните обврски кои уште и ден денес не изненадуваат, се над 200 милиони евра. Овие податоци се врз основа на она што е пријавено во МФ. Но од разговорите што ги имавме во изминатиот период со министрите откривме и многу други работи. Како на пример дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството има минус на еден цел буџет, односно 150 милиони евра. Значи се уште има многу обврски коишто не се евидентирани во Министерството за финансии. Затоа побарав да се направи вонредна ревизија за што направивме тимови коишто ќе работат на констатирање на доспеани обврски во рамки на институциите, истакнала министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на гостување во ТВ „Алсат“.