ДПМНЕ не е ништо освен криминална партија која дејствува на штета на граѓаните и на државата.Последен доказ за тоа е случајот на Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) која констатирала неправилности и сега препорачува државата да ги врати парите рече на прес конференција Трајан Димковски, претседателот на Комисија за земјодество, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Станува збор за проект од 2015 година вреден 660.000 евра за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во тој период министер во ресорното министерство е Михаил Цветков, а премиер на таа Влада преводена од ДПМНЕ е Никола Груевски. Актуелното раководство на Министерството за земјоделство до надлежното обвинителство достави конкретен предмет со конкретни правни дејства. Апелираме Обвинителството за гонење организиран криминал да постапи по овој случај и низ законска, судска постапка да бидат санкционирани сите за кои ќе се докаже дека се виновни, а потоа и парите да бидат вратени, вели Димковски.