Со симболично откинување на првото јаболко, вчера во Ресен, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, го означија почетокот на годинешната берба на јаболка.
На традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер 2019“, заедно со министерот Димковски, присуствуваше и постојаната претставничка на УНДП во Република Северна Македонија, Нарине Сахакјан.
Министерот Димковски, посочи дека министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, изминатите две години е во континуирана комуникација со производителите на јаболка од преспанскиот регион, со цел одржување и развој на производството на јаболка.
„До крајот на месец октомври сите овоштари кои имаат предадено индустриско јаболко кај регистрирани откупувачи, оваа и дел од минатата година, треба да поднесат барања до Платежната агенција, бидејќи со ребалансот на Буџетот се обезбедени 160 милиони денари за исплата на субвенцијата за индустриско јаболко. Очекувам, оваа година наместо за проблеми да разговараме за подобар квалитет и пласман. Од наша страна работиме на промоција и отворање на нови пазари како Јордан, Иран, Египет.Заеднички да ја постигнеме целта, а тоа е не само да го одржиме туку и да го зголемиме производството , да го промениме сортиментот, да имаме континуирано производство. За тоа ќе помогне и новата стратегија за изградба на откупно-дистрибутивни центри и за ладилници, со што ќе се придонесе за развој на производството“, изјави министерот Димковски.
При тоа, министерот посочи дека во општина Ресен се доставени 2.170 зелени картици за субвенционирано гориво за земјоделска механизација, од кои околу 2.000 овоштари веќе ги имаат подигнато картиците, со коишто имаат можност да точат поевтино гориво за механизацијата, бидејќи 30 отсто од трошоците ги покрива државата. ги подигнале зелените картици.
Во рамки на манифестацијата, во општина Ресен, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, организираше трибина на којашто присуствуваа и овоштарите од преспанскиот регион на којашто беа презентирани мерките кои ги презема МЗШВ и состојбите во овоштарството.
МЗШВ изминатите две години, континуирано работи и на зголемување на субвенциите за јаболка. Во 2017-та година за 10 отсто се зголемија субвенциите за овошни насади, линеарно за сите земјоделци, а минатата година лани за 20 отсто се зголемија субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен капаците, а субвенцијата за предадени јаболка се зголеми од 2 на на 3 денари по килограм.
Годинава субвенциите за одржување на насади е повторно зголемена и тоа од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а за оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршка расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар. Дополнителни 15% добиваат повисоки субвенции добиваат овоштарите кои имаат насади во подрачја со ограничени можности над 700 метри надморска височина, и или 57.500 денари по хектар.
Досега се исплатени 114 милиони денари за интервентната субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка во преработувачки и откупувачки центри до 25-ти декември 2018 година. Оваа интервентна мерка МЗШВ ја донесе со цел да се покријат загубите на овоштарите поради проблемите коишто се јавија при откупот на јаболка во реколтата 2018-та и да се ублажат последиците од временските непогоди во изминатиот период. Претходно се исплати и основната субвенција за одржување на овошни насади со јаболка во износ од 369 милиони денари.