Вчера на школка во градскиот парк се одржа настан „Повторно заедно“ во организација на здружението „Аутизам ААМК“.
Целта на овој инклузивен настан беше подигнување на свеста залицата со атипичен развој. Колоритниот настан претставуваше игротека на отворено, креирана со многу активности за деца: кошарка, ракомет, сложувалки, ликовно и музичко катче.
Динерс Клуб Македонија во рамки на својата платформа за корпоративна општествена одговорност „Кога повеќе, значи повеќе“ ги почитува различностите и секогаш наоѓа начин како да ја даде својата поддршка онаму каде највеќе е потребна.
Нашата цел е да придонесеме кон квалитетен образовен и социјалниот живот на децата со атипичен развој , да им подадеме рака и да изградиме свет подобар за сите нас.
Вчера покажавме дека ги почитуваме различностите, затоа што за нас малите работи значат многу повеќе.