Во следните децении, на светот ќе му треба 60 отсто повеќе храна за да нахрани 10 милијарди луѓе, изјави во Вашингтон директорот на Светска банка Аџеј Банга.
„Ние започнуваме екосистемски пристап кон агробизнисот кој ги обединува Светската банка и партнерите за да им помогне на малите земјоделци да се движат подалеку од егзистенција и да се интегрираат во трговските синџири на вредност“, додаде Банга.
На завршната пленарна седница на годишниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, тој рече дека Светска банка двојно ќе ги зголеми обврските за агрофинансирање и агробизнис на девет милијарди долари годишно и додаде дека е неопходно да мобилизираат уште една милијарда долари од приватниот сектор, објави СБ.