Ворнер медиа и Дискавери го завршија своето спојување, соопштија двете американски компании.
Комбинираната компанија, Ворнер Брос Дискавери ќе започне со тргување на Насдак во понеделник под симболот „WBD“.
Портфолиото на Ворнер Брос Дискавери вклучува Discovery Channel, Warner Bros Entertainment, CNN, HBO, Cartoon Network; стриминг услуги Discovery+ и HBO Max; и франшизи како „Бетмен“ и „Хари Потер“.
Главен приоритет за Давид Заслав, долгогодишниот ветеран на Дискавери кој го води комбинираниот ентитет, е да го направи стриминг видеото исто толку профитабилно како и стариот ТВ бизнис, велат аналитичарите.