Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ остануваат исти, односно 68 и 70 денари за литар.

Дизелот ќе поевтини 1,5 денар и ќе биде 61 денар за литар. И цената на екстра-лесното масло за домаќинство ќе се намали 1,5 денар и ќе биде 50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС ќе се намали 2,539 денара и ќе се продава 37,885 денари за килограм.

извор: Makfax