Почна сезоната на берба на јаболка, а со тоа изминативе денови зачестија огласите за барање на берачи.

Само околу илјада работници се потребни во Преспа за берба на јаболката.

Според објавите на социјалните мрежи дневниците се движат од 2.000 до 2.500 денари, а дел од овоштарите на берачите им нудат храна и бесплатно сместување.

Обично, за берба во преспанско-ресенскиот регион се пријавуваат работници од соседните општини кои ќе бидат ангажирани на берба со денови, без слободни викенди.