Денеска во Охрид ја одржавме третата и последна панел дискусија на тема поддршка на #SME малите и средните претпријатија со „Партнер+“ кредитот на Охридска банка Сосиете Женерал во соработка со Европската банка за обнова и развој преку Програма за поддршка на конкурентноста на МСП.
Оваа поволна кредитна линија која овозможува 15% грант овозможен од Европската Унија наиде на голем интерес во југозападен регион од државата.
Им благодариме на сите присутни кои изразија желба да дознаат како да инвестираат во својот бизнис и да добијат 15% грант од Европската Унија.
Охридска банка Сосиете Женерал останува посветен партнер на сите клиенти.
Повеќе инфо на:
https://www.ohridskabanka.mk/revolving-fond.nspx