Проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД) ги поканува сите групи сопственици на земјоделско земјиште да учествуваат на јавниот Повик за изразување на интерес за учество во консолидација на земјоделско земјиште.
Право на учество имаат групи на сопственици на земјоделско земјиште чиешто земјиште се наоѓа на иста територија (во едно или повеќе села, или во дел од село/микро-локација, кои претставуваат делови од една или неколку соседни катастарски општини).
Рокот за доставување на изјавите за интерес е 1 јули 2019 година до 16:00 часот
Упатството и обрасците за изразување на интерес може да се подигнат од проектната канцеларија што се наоѓа во просториите наМинистерствотозаземјоделство, шумарство и водостопанство(МЗШВ) во Скопје (канцеларија бр. 211), Секторот за консолидација на земјоделско земјиште, размена и идентификација на земјишни парцели, МЗШВ, подрачните единици на МЗШВ и на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ).
Упатството и обрасците се достапни и на следните веб страни:
www.fao.org/fileadmin/user_upload/faoweb/FAO-and-MAFWE/Call-for-expression-of-interest-LC-MK.pdf
www.fao.org/fileadmin/user_upload/faoweb/FAO-and-MAFWE/Expression-of-interest-LC-Form-MK.pdf
http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=537
https://eeas.europa.eu/delegations/republic-north-macedonia/area/jobs-funds_en
Изјавите за интерес може да се достават директно во подрачните единици на МЗШВ, по пошта или скенирани преку е-пошта, со назнака „За Повикот бр. 1/GCP/MCD/002/EC/2019“.
Изборот на потенцијални области за консолидација на земјиштето се спроведува во рамките на проектот МАИНЛАНД финансиран од Европската Унија, спроведуван од ФАО во соработка со МЗШВ. Главната цел на проектот е да им се помогне на малите земјоделски стопанства и семејните фарми да ги надминат проблемите што произлегуваат од прекумерната расцепканост на земјиштето, малата површина на земјоделските стопанства и несоодветната земјоделска инфраструктура. Тоа ќе придонесе да се зголеми продуктивноста, ефикасноста и конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси.