Според проценката на здружението на работодавачи, до 2030 година во Хрватска треба да работат над половина милион странски работници. Недостиг од работници има во сите дејности, вклучително и трговијата, каде просечната плата е од 700 до 1.000 евра. Сè почесто работат и работници од далечни земји, дносно околу 30 проценти од странските работници се Непалци и Филипинци.
„Често се случува Хрватска да им служи како влезна точка за земјите од ЕУ, бидејќи поразвиените земји од Европската унија имаат повисоки плати не само во трговијата, туку и во сите дејности“, вели Мартин Евачиќ, претседател на „ХУП – Трговско здружение“, за ХРТ.
Тој додава дека луѓето, доколку имаат можност, одат таму каде што им е подобро.
Тој нагласува дека средните училишта кои обучувале трговци практично денес не постојат.
Вараждин, на пример, имаше силен средношколски центар во кој се обучуваа занаетчии, а денес не се запишува ниту една класа занаетчии годишно.
Тој нагласува дека според Законот за трговија, трговецот треба да има завршено најмалку средно образование.
Со оглед на недостигот на работна сила, вработуваме и лица со основно образование, нагласи Евачиќ.