Дојче банк се согласи вчера пред американскиот суд да плати казни во износ од над 100 милиони долари со цел да се избегне кривична постапка по обвинението дека станува збор за дел од меѓународна корупциска шема со цел да работи во Саудиска Арабија.
Според судските документи, Дојче банка поткупила посредници за да добијат бизниси во Саудиска Арабија, заведувајќи ги уплатите како „ попратни надокнади“ ( referral fees ), пренесува Seebiz
Во една прилика околу 2012 година, Банката плати 1.087.538 американски долари на еден од своите посредници „и предизвика тие плаќања да бидат лажно запишани во книгите и сметките на компанијата“, се вели во судските документи.
Другите посредници барале пари за јахта и куќа во Франција како надомест, се вели во документите.
Портпаролот на Дојче банка, Ден Хантер, одби да ги коментира деталите за случајот.
Хантер рече дека договорот за прекин на кривичното гонење покажа дека Дојче банка ја презеде одговорноста за своите потези и дека нејзината соработка со американските федерални власти „ја одразува нејзината транспарентност и решеност да ги остави овие прашања далеку зад себе“.
Случајот беше решен во последните денови од мандатот на Трамп, кој имаше долги деловни односи со Дојче банка, чии активности американските власти ги испитуваа со години.