Дојче банк повика неколку големи американски технолошки компании да достават понуди за унапредување на нејзината технолошка мрежа, објавија западните медиуми.
Меѓу компаниите кои се во трка да ја модернизираат “застарената и фрагментираната” мрежа на Банката, се споменуваат Amazon, Microsoft и Google, објави Reuters повикувајќи се на извори запознаени со оваа тема.
Извор на агенцијата додаде дека се очекува договорот за унапредување на мрежата да биде „тежок“ околу 13 милијарди долари.