Министерство за финансии предлага изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити. Со предлог-измените кои се поставени на Единствениот национален регистар на прописи, ЕНЕР, давателите на потрошувачки кредити на граѓаните им пресметуваат и наплатуваат високи трошоци за одобрените потрошувачки кредити, особено за кредитите одобрени во мали износи и со кратки рокови на отплата.

Целта на предлог-законот е граѓаните да не плаќаат прекумерни трошоци за потрошувачките кредити и да се минимизира ризикот од понатамошно влошување на состојбата на лицата кои имаат проблеми со отплата на кредитите. Затоа се предлагаограничување на годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити.

Годишна стапка на вкупни трошоци е односот меѓу вкупните трошоци на кредитот и износот на одобрениот кредит, со ко износот на одобрениот кредит се изедначува со износите на сите обврски по кредитот што треба да ги плати потрошувачот (отплата на главнина и вкупни трошоци на кредитот).

Извор : MIA

Осврт на БанкоМетар.мк

Според искуствата на тимот на БанкоМетар.мк како и завршните сметки на финансиските друштва кои оперираат со овој тип на кредити, овој потег значително ќе им ја отежне работата на и онака многуте вакви финансиски друштва а воедно ќе помогне кај доста граѓани кои се од најранливата група и истите ќе бидат заштитени во поглед на плаќањето многу високи суми на трошоци за позајмените пари.