Вчера, 24/09/2018 година беше забележан раст на акциите на двете големи компании од Прилеп :
- Мермерен Комбинат А.Д. Прилеп со раст на цената на акциите од 10 % и,
- Витаминка АД Прилеп со раст на цената од 4,81 %
Исто така значајно да се напомене е се поголемиот интерес за тргување на Македонската Берза, што влева доверба за идниот инвестициски период и циклус. Заздравувањето на берзата е добар сигнал, а исто така е добар сигнал за компаниите што котираат на берзата.
Долна точка на целиот ден беше прогласувањето на се поверојатен стечај кај прилепски „ЕуроКомпозит“ – Прилеп, што од една страна ќе создаде дополнителни проблеми за вработените, но најверојатно ќе го реши долготрајниот проблем на овој загубар во државна сопственост.
Како и да е, сублимирано, растот на акциите тука ни укажува за зголемена коњуктура во овој дел на Македонија.