Министерката за финансии, Нина Ангеловска, попладнево објави дека од сега наместо за 1 милион денари, фирмите ќе стануваат ДДВ обврзници за 2 милиони денари.
Истовремено Владата од први јануари 2020 го намалува и периодот на кој фирмата која би станала ДДВ обврзник а би надминала 2 милиони денари, ваквата обврска на фирмата ќе биде 3 години, наместо 5 како досега, се разбира доколку фирмата следните години прави промет од помалку од 2 милиони денари.
Дали оваа мерка ќе остане и во иднина и навистина ќе се имплементира или и за овој модел ќе дојде до некое подоцнежно премислување, останува да видиме.