Младите во Србија, на возраст меѓу 20 и 35 години, од 14 март ќе можат да аплицираат за субвенционирани кредити за станови во деловните банки, најави денеска министерот за финансии Синиша Мали. Тој во српското Собрание рече дека на 14 март ќе стапи на сила Законот за формирање гарантна шема и субвенционирање на дел од каматата како мерка за поддршка на младите при купување на нивниот прв станбен недвижен имот, кој беше усвоен минатата недела, објави Србија данас.

Максималниот износ на кредитот е 100.000 евра, а минималното учество на корисникот на станбениот кредит е еден процент од вредноста на недвижниот имот, а на барање на корисникот на кредитот може да биде и поголемо. Рокот на отплата на кредитот е 40 години, а може да биде и пократок на барање на корисникот, до 70 години во моментот на отплата на последната рата од кредитот. Грејс периодот е максимум 12 месеци од моментот на пуштање на кредитот во девизен курс, а отплатата потоа е можна на максимум 480 месечни рати. Годишната каматна стапка е фиксна до 3,5 отсто, а во првите шест години по истекот на тој каматен период, стапката е променлива тримесечен или шестмесечен „евробор“, плус два отсто.